Неколкумина повредени при судир меѓу полицијата и демонстранти во Хановер
Неколку лица се повредени во Хановер при растерување на протестот кој беше организиран против конгресот на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), соопшти портпаролка на полицијата.
Таа потврди дека се повредени неколку полицајци и најмалку еден демонстрант.
Полицијата употреби водени топови, со цел да ги растера стотиците демонстранти, кои се обиделе да ги отстранат уличните блокади за да го оневозможат пристапот до местото на конгресот. Судирите го одложија на кратко почетокот на партискиот форум.
Синоќа, исто така, имаше протест поради конгресот на АфД, на кој се собраа околу илјада луѓе, но заврши без инциденти.
Партијата, која на изборите во септември освои 12,6 проценти од гласовите и првпат има пратенички мандати (92), организира конвенција со цел да го пополни испразнетото место на претседателот, откако еден од лидерите на партијата Фрауке Петри се повлече од партијата поради обвинувања за флерт со ултра десничарскиот екстремизам.
Со нејзиниот потег, на чело на партијата остана Јорг Мојтен, но засега не се знае дали како лидер на партијата ќе остане еден или ќе биде избран и друг претседател.
На партискиот конгрес учествуваат околу 8.500 делегати.
Ново на Сител
-
Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“
-
Продолжува исплатата на паричните надоместоци за основците и средношколците
-
Филипче: Граѓаните денес се чуствуваат безбедно затоа што сме дел од НАТО, најмоќниот воен сојуз во светот
-
ДЗР: Претпазливо да се управува со јавните финансии, зголемениот јавен долг бара одржлива фискална политика
-
Ѓоковиќ обвини дел од публиката за недостаток на почит по победата над Холгер Руне на Вимблдон
-
Меси подготвен за полуфиналето со Канада на Копа
-
Македонија со три претставници во АБА2 лигата
-
Изминатите 24 часа - 11 пожари на отворено, ЦУК со апел да се внимава со палење оган во природа