Нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува, смета одбраната на Артан Груби

Бранителот на Артан Груби, адвокатот Владимир Доневски, во соопштение до медиумите информира дека, по утврдување на она со кое досега судот располага и анализа на аргументите на јавното обвинителство, според нив нема основи на сомневање на сторено кривично дело предвидено со закон.
- Одбраната и сите аргументи ќе бидат изложени во рамки на законски предвидената постапка, се со цел да биде убеден и судот и јавниот обвинител дека нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува Артан Груби, се вели во соопштението од неговата обрана.
Одбраната на Груби, исто така, посочува дека не излегле во јавност бидејќи одбраната и гонењето на осомничениот се води во судска постапка, а не преку медиуми.
- Се надеваме дека сите учесници во оваа кривична постапка ќе останат имуни на очигледната политизација на процесот и ќе ја задржат непристрасноста и независноста и одлуките ќе ги носат, како и ние, врз основа на јасни правни аргументи, се вели во соопштението.
Со оглед дека судењата се јавни, медиумите и целокупната јавност, се посочува во соопштението, ќе можат да го следат процесот и сами да донесат заклучок дали постојат докази за утврдување на вина кај Артан Груби.
Ново на Сител
-

ЕУ: Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај во историјата на мерењата
-

СП 2026: Во Мексико 117.000 луѓе поминале обука за добредојде на туристите
-

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Запленети пури во вредност од четири илјади евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
-

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст
-

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
