-->
-->
Нема никакви шанси да се преселам во Мадрид
-->
Долгоочекуваното интервју на Лионел Меси за „Ла Секста“ беше емитувано доцна синоќа во Шпанија. Меси во интервјуто говори за својот статус, желбите, разочарувањата, новиот ангажман, големите пријатели Нејмар и Луис Суарез…Она што може да ги охрабри навивачите на Барселона е одговорот на прашањето дали е во преговори со некој друг клуб. Меси од 1 јануари може да преговара со заинтересираните клубови.
„Не преговарам со ниту еден клуб. Немам ништо во план до крајот на сезоната. Ајде да видиме како ќе ја завршиме сезоната и што ќе се случи. Нејмар? Неговото враќање во Барса би било премногу скапо. Би сакал да се испробам во МСЛ-лигата во САД, секогаш сум сонувал за тоа, но не знам дали ќе го исполнам. Нема да одам во Реал или Атлетико Мадрид. Тоа е апсолутно невозможно. Не знам дали ќе ја напуштам Барселона по завршувањето на сезоната. Се надевам дека и кога ќе се пензионирам ќе останам да бидам дел од клубот“, рекол Меси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Кокаин вреден милион евра запленет во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
