Нема ограничувања за влез, излез, транзит или престој на македонски државјани во Албанија
– Македонската амбасада во Тирана преку објава на Фејсбук информира дека нема ограничувања за влез, излез, транзит или престој за македонските државјани кои патуваат во Република Албанија или имаат намера да го користат аеродромот во Тирана.
-Албанија нема ограничување за влез, излез, транзит или престој за македонските државјани на нејзина територија. Единствено ограничување во Република Албанија е забраната за движење од 20:00 до 06:00 часот. Движењето во овој временски период е со претходно одобрение, стои во објавата на Амбасадата.
Дополнително, се даваат иструкции за оние кои го користат меѓународниот аеродром во Тирана.
-Државјаните на Република Македонија кои го користат Меѓународниот аеродром во Тирана за патување во трета земја, треба претходно да ги исполнат условите за влез во истата. Иако Албанија не бара негативен ковид тест, карантин и слично, доколку крајната дестинација има одредени рестрикции, албанските органи бараат истите да се исполнуваат, во спротивно полетувањето нема да биде дозволено, се посочува во објавата, која е објавена на македонски и на албански јазик.
Фејсбук страницата на македонската амбасада во Тирана (https://www.facebook.com/
-Драги пријатели, со особено задоволство сакам да ве информирам дека започна да функционира Фејсбук страната на македонската амбасада во Тирана. Корисна алатка преку која ќе можете да ги следите најинтересните случувања и активности од нашата работа. Страницата ќе биде „ваш hotspot на информации и сервисни услуги за прашања од сферата на економијата, трговската соработка, културата, образованието и туризмот, напиша амбасадорот Марковски во објава на македонски, албански и англиски јазик.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети