Македонија
30. August 2021 - 8:20

Нема подолги задржувања за влез и излез од земјава

На граничните премини утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот се одвива непречено по суви коловози.