Нема прекин на огнот во Судан, судирите продолжуваат - раселени над милион луѓе
Суданската престолнина Картум и соседниот град Бахри во изминатото деноноќие повторно беа под воздушни напади. Нападите биле насочени кон области во источен Картум, Бахри и Шарг ел Нил.
Судирите меѓу армијата и паравоените сили влегоа во петтата недела, продлабочувајќи ја хуманитарната криза која расели повеќе од милион луѓе.
Масовните грабежи од вооружени лица и цивили уште повеќе им го отежнуваат животот на жителите на Картум кои се погодени од жестоките борби меѓу регуларната војска и паравоените сили за брза поддршка (РСФ).
Околу 843.000 луѓе се внатрешно раселени, а уште 250.000 го напуштиле Судан за време од почетокот на конфликтот, соопшти УНХЦР.
Досега нема напредок во преговорите меѓу двете страни за прекин на огнот во саудискиот град Џеда под покровителство на Ријад и Вашингтон. Тие и на вчерашниот состанок на Арапската лига меѓусебно се обвинија за грабеж и силување, како и за прекршување на низата договорени прекини на огнот.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред