-->
-->
Нема законски измени, нема рестриктивни мерки
-->

Законските измени од кои зависат рестриктивните мерки за корона не стигнаа на дневен ред на собраниската седница.
Точката за измените на законот за заштита на населението од заразни болести како седма точка на дневен ред не се најде пред пратениците.
Задолжителното носење на маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и забрана за слави во домовите ќе чека некоја наредна седница во Собранието.
Претседателот на собраниската Комисија за здравство Арбен Зибери вели дека штом овие измени добијат зелено светло на седница тој ќе ја закаже Комисијата. Според Зибери, не треба да има политички поделби за ова прашање.
Сања Димитровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
