Необично барање: Пратениците поради прељуба да го загубат мандатот

Сопруга на поранешен пратеник од владејачката полска партија Право и правда покренува кампања и осмисли предлог закон со кој би се истерал неморал од полскиот Парламент, особено од пратеничкиот хотел на Сејмот, а кој би предвидувал автоматски одземање мандат.
- Мојот сопруг, пратеникот Мариуш Камињски изврши прељуба во Сејмот со партиска колешка. Мојот сопруг е прељубник. Не е единствен. Во полскиот Парламент има премногу прељуби и разврат. Човек кој ќе изврши прељуба е едноставно предавник. Има ли место за такви во полскиот Парламент? Нема, напиша Ана Камињска на Фејсбук, барајќи петиција за новиот закон.
Предлог законот кој таа има намера да му го предаде на Сејмот на усвојување, како закон од граѓанска иницијатива, предвидува прељубата докажана на суд автоматски да „повлече“ и доживотна забрана за кандидирање во Парламентот.
Во заклетвата за пратенички мандат новиот пратеник би морал да потпише дека се откажува од мандат доколку изврши прељуба, а би требал да поднесе и писмена потврда дека сопругата и сопругот одобруваат да биде пратеник.
Пратеничкиот хотел во зградата на Парламентот, во кој престојуваат пратеници од внатрешноста на земјата, со години е главна тема на насловните страници на полските таблоиди, често со фотографии од некој пратеник во алкохолизирана состојба како спие во ходникот.
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
