Балкан
20. August 2024 - 10:36

Несреќа во луна парк на Халкидики: 19 годишно момче загина откако се скрши стол на рингишпил

19-годишно момче дошло со семејството на Халкидики и сите заедно отишле во забавниот парк да се забавуваат. Забавата тргнала наопаку кога му се скршило столчето на на конзолата на која седел.

Набрзо на лице место пристигнала брза помош и тој веднаш бил пренесен во болница, но не бил спасен.

Тој бил прогласен за мртов набргу по приемот.

Полицијата го уапсила сопственикот на забавниот парк, а истрагата е во тек.