-->
-->
Несторовски регистриран за Палермо
-->

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ја доби потребната документација и со тоа се стекна со право за настап за калчолигашот Палермо откако е потврдена неговата регистрација. Несторовски во италијанскиот клуб пристигна летово од хрватскиот тим Интер Запрешиќ, каде на 90 натпревари постигна 69 голови.
Поради ригорозните критериуми за играчи надвор од Европската унија, Несторовски иако имаше постигнато договор, но немаше работна дозвола. Сепак клубот од Сицилија успеа да издејствува нашиот репрезентативец за добие „зелено светло“ за настап за Палермо.
Тој во новата сезона ќе настапува во тандем со колегата од репрезентацијата Александар Трајковски, кој веќе настапува за Палермо. Новата сезона во Серија А почнува на 22.август, а во првото коло Палермо на домашен терен игра против Сасуоло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип, вработени побарале лекарска помош
-

НАСА на 9 јуни ќе го претстави екипажот за „Артемис 3“
-

Одредени селекторите на македонските младински кошаркарски репрезентации
-

Стабилно и посвежо време до сабота, од недела повторно пораст на температурите
-

Ристески: Потрошувачката кошничка е готова, очекуваме позитивни сигнали од ЕСС
-

Околу 22 илјади ќе бидат мобилизирани во Франција на денот на финалето на Лигата на шампионите
-

МВР воведува кодекс: Без тесни и куси здолништа, гол стомак, шорцеви, влечки, при вадење лични документи
-

Спотифај воведе нова опција
