Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници

Израел нема да спроведе прекин на огнот во Газа додека не добие список од 33 заложници кои Хамас ќе ги ослободи во првата фаза од договорот, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
-Нема да го спроведеме договорот додека не добиеме список на заложници кои ќе бидат ослободени, како што е договорено. Израел нема да толерира никакво прекршување на договорот. Единствена одговорност е на Хамас, рече Нетанјаху во изјавата.
Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот, а шестнеделниот прекин на огнот треба да стапи на сила утре, кога ќе се одржи првата од серијата размени на заложници кои Хамас ги држеше за палестински затвореници во израелските затвори, објави Тајмс оф Израел.
Вкупно 1.904 Палестинци треба да бидат ослободени од израелските затвори и логори за време на прекинот на огнот договорен меѓу Израел и Хамас, објави претходно денеска израелската влада. За возврат, Хамас треба да ослободи 33 од 98 израелски заложници за време на шестнеделната пауза во борбите.
Договорот може да го отвори патот за крај на 15-месечната војна во Појасот Газа.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
