Нетанјаху му честиташе на Трамп за одлуката за иранскиот нуклеарен договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за „храбрата одлука“ да не потврди дека Иран се придржува до меѓународниот нукеларен договор.
- Тој смело се спротивстави на терористичкиот режим на Иран. Доколку договорот со Иран остане непроменет, една работа е апсолутно јасна, за неколку години најистакнатиот светски терористички режим ќе има арсенал од нуклеарно оружје, нагласи Нетанјаху, оценувајќи дека тоа е „огромна опасност за иднината на сите“.
Израелскиот премиер, исто така истакна, дека Трамп создал „можност да се поправи лошиот договор и да се уназади иранската агресија, спротивставувајќи се на неговата поддршка за тероризмот“.
- Поради тоа Израел ја поддржува таа можност, посочи Нетанхају.
Кабинетот на израелскиот премиер претходно соопшти, дека државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, остварил телефонски разговор со Нетанхају, при што го известил за деталите од новата американска стратегија за Иран.
Ново на Сител
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе ги објават Комуналец и општината
-

Дизелот од полноќ поскапува за 6,5 денари, бензините за 4,5 ден/литар
-

Сточарите бараат вакцинација против сипаници кај овците, АХВ најавува 500.000 вакцини од Турција
-

Вештачење за „Пулс“: Непрописен излез, двојно повеќе гости и диви градежни зафати во објектот
