Нетанјаху: Врховниот суд не треба да се меша, ризикува нови избори

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика Врховниот суд да не се меша во неговите напори за формирање коалициска влада и предупреди дека одлуката против него може да ја вовлече земјата во четврти избори „без преседан“ во текот на малку повеќе од една година.
– Се надеваме дека судот нема да се меша. Нема потреба да се меша. Се уште постои волјата на народот, јасен израз на волјата на народот, рече Нетанјаху по брифингот со новинарите за пандемијата на коронавирусот.
Врховниот суд се обидува да утврди дали на Нетанјаху, кој е обвинет за корупција, треба да му биде дозволено да формира нова влада и дали коалицискиот договор за формирање влада за единство, што го потпиша со поранешниот главен политички ривал Бени Ганц, го крши законот.
Како што пренесуваат странските агенции, пресудите што се очекуваат кон крајот на оваа недела ќе утврдат дали ќе биде прекината долгата политичка криза во Израел и дали Нетанјаху и Ганц ќе формираат влада или повторно ќе се одржат избори.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
