Неверојатен човек: Марко е хирург кој спасува животи, а самиот е парализиран

Марко Долфин (36) останал парализиран пред шест години по сообраќајна несреќа. Сепак, тоа не го спречило и натаму да оперира во болницата во Торино.
Марко е ортопедски хирург кој работи во болницата Сан Џовани Боско, а своите пациенти ги оперира со помош на егзоскелет кој му помага да стои во текот на операциите.
-Ова е инвалидска количка која може да се постави во вертикална положба, а со него управувам преку далечинско и ми овозможува да ја работам работата што ја одбрав, рече Марко за Кориере дела сера.
Ова неверојатно момче не сакало да се откаже од лекарскиот повик по тешката несреќа во која паднал од мотор.
Имено, брзал за да стигне во болница за му помогне на колега, но на некои 300 метри пред болницата доживеал страотен удар. Наместо да влезе во болница да оперира, колегите му го спасувле животот.
-Веднаш по операцијата знаев што е зошто не ги чувствував нозета, а колегите се обидуваа да ме поштедат од болната вистина, рече Марко кој во текот на тешкото опоравување имал најголема поддршка од своите најмили кои се исто така лекари.
-Бев психички лошо, како и сите. Размислував за се што нема да можам да го работам, како хирургијата. Меѓутоа, по неколку месеци рехабилитација, година дена по несреќата пак се вратив на работа, рече Марко и додаде дека би можел да оперира и седејќи, но само зафати на нозе и раце. Меѓутоа не бил задоволен од тоа, сакал да работи се, поради што пред пет години ја набавил својата прва вертикална количка.
-На пациентите и нивните семејства тоа на почетокот секогаш им е многу чудно, но кога ќе тргне разговорот за нвините здравствени проблеми, некако мојата состојба паѓа во втор план.
Ново на Сител
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
-

Утре почнува второто полугодие – ако децата се болни да не одат на училиште, советуваат педијатрите
