Неверојатни сцени на Вембли - Дубоа го нокаутираше Џошуа | ВИДЕО

Британскиот боксер Даниел Дубоа го нокаутира сонародникот Ентони Џошуа во петтата рунда од борбата за светската титула на IBF во тешка категорија и го задржа појасот што го освои на почетокот од јуни, кога со прекин во осмата рунда од борбата во Ријад го победи Филип Хрговиќ.
Долгоочекуваната борба на стадионот „Вембли“ во Лондон имаше сосема поинаков исход од оној што го најавија поранешниот двократен светски шампион, 34-годишниот Ентони Џошуа и 27-годишниот Даниел Дубоа, и покажа за каков борец се работи.
Но во петтата рунда Џошуа не можеше повеќе да издржи. Кон крајот на првата минута налета на уште еден брутален удар од противникот и заврши на подот, што беше крај на борбата.
Даниел Дубоа на Вембли стигна до 22. победа во професионалната кариера сега има рекорд од 22-2-0.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Советот на јавни обвинители ги чека предлозите од Владата
-

Филипче: Да се зголеми минималната плата
-

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе
-

Кадровско зајакнување во КБ-ШТИП, со 60 нови вработувања
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
