-->
-->
Невообичаено топло време во Чешка
-->

Чешка е зафатена од топлотен бран, кој е невообичаен за месец ноември и на неколку места се измерени рекордно високи температури, јави дописникот на МИА од Прага.
Најтопло беше во местото Копишти, во северозападниот дел на земјата каде живата во термометарот се искачи до 20,4 степени Целзиусови. Претходниот рекорд за овој месец беше во 1971 година кога биле измерени 18,9 степени.
И во Прага, во мерната единица Клементинум каде температурата денеска беше 19,1 степени Целзиусови е надминат историскиот рекорд од 1970 година.
Според прогнозата на метеоролозите и идната недела во Чешка се очекува топло време и температури од 16-20 степени Целзиусови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
