Во текот на „чоколадната“ диета треба да се избегнува алкохолен пијалок, сол, шеќер, масно овошје како авокадо и кокос. Потоа висококалорично овошје како на пример: грозје, смокви, банани...
Пржената храна, млечни производи, црвено месо, јаткасти плодови и семки, чипс, брза храна, слатки, кафе и газирани пијалоци исто така да се исфрлат.
За да можете со оваа диета да ги изгубите очекуваните пет килограми неопходно е да бидете физички активни. Затоа освен редовните активности, вклучете при пати дневно брзо одење во траење од најмалку половина час.
Мени:
Појадок: Пуканки и овошје
Ужина: 20 г црно чоколадо
Ручек: тестенина со салата од зеленчук
Ужина; 20 г. црно чоколадо
Вечера: шпагети со домати зачинети со лук и оригано и зеленчук готвен на пареа.
Напомена: Во текот на денот пијте што е можно повеќе вода и така ќе го забрзате метаболизмот и ќе го поттикнете исфрлањето на токсини.