Невработеноста во Турција достигна 12,1 отсто, највисоко ниво во последните седум години
Невработеноста во Турција во декември 2016 година нарасна до 12,1 процент, достигнувајќи го највисокото ниво од март 2010 година, соопшти весникот „Хуриет дејли њуз“, повикувајќи се на вчера објавените податоци на турскиот Завод за статистика.
Бројот на невработени меѓу лицата на возраст над 15 години во ноември 2016 година нараснал до 3,7 милиони лица, односно е за 590.000 лица повеќе од истиот период претходната година. Нивото на невработени меѓу младите луѓе, на возраст меѓу 15 и 24 години, е 22,6 проценти.
Бројот на вработени луѓе, истовремено, се зголемил за 391.000 лица во однос на истиот период од претходната година, и во ноември 2016 година достигнал 27,07 милиони лица.
Весникот забележува дека владината кампања за „мобилизација на вработеноста“, што ќе почне во март, се очекува да создаде околу два милиона нови работни места, што, според аналитичарите, ќе доведе до мал пад на нивото на неврабнотеност во земјата.
Ново на Сител
-
20 претставки за загадениот воздух поднесени до Народниот правобранител
-
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
-
Од утре повремени врнежи од дожд и снег на планините
-
„Палчо дојде со бел пикап, забележав вдлабнатина на вратата, му реков, си го удрил? Не одговори“, сведочи Османи
-
Сообраќајот се одвива непречено, на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони
-
ОН: Луѓето во северниот дел на Газа не добиваат речиси никаква помош повеќе од 40 дена
-
Нов обид за деблокада на процесот за избор на Европската комисија
-
Кај 54 - годишник во Кисела Вода пронајдена прашкаста материја