Невраќањето на турските офицери во Турција, ќе им наштети на односите Атина-Анкара

Турскиот амбасадор во Атина, Керим Урас, повика да се вратат осуммината турски офицери кои во саботата избегаа од Турција во Грција по неуспешниот државен удар, истакнувајќи дека доколку тие не бидат вратени, тоа ќе им наштети на билатералните односи меѓу Атина и Анкара.
-Враќањето на офицерите во Турција ќе биде позитивно за билатералните односи. Ако не, тоа нема на никого да помогне, изјави тој, додавајќи дека „уште на самиот почеток било грешка што овие луѓе биле прифатени“.
- Што би помислиле кога би имало сличен удар во Грција ... и Турција засолни осум од вашите воени офицери? Мислам дека не е потребно да се каже, не би биле многу среќни, рече Урас.
На прашањето дали офицерите можат да добијат смртна казна во Турција, откако Ердоган најави дека е можно враќање на смртната казна, Урас одговори дека „тоа е дискусија која се уште е во тек“ и оти „постои силен притисок од страна на народот за враќање на смртната казна“.
Сепак, тој рече дека неговиот став е оти смртната казна нема да биде вратена и оти во ниту еден случј не може да се примени ретроактивно.
Осуммината офицери завчера се појавија во судот во Александропулос и добија тридневно продолжение за да ја подготват својата одбрана под обвинение за нелегален влез во Грција и нарушување на грчкиот воздушен простор. Тие слетаа на аеродромот во Александропулос во саботата, откако избегаа од Истанбул по неуспешниот обид за државен удар. Сите осуммина тврдат дека не знаеле оти во Турција е во тек државен удар и оти се качиле во хеликоптерот, откако врз нив пукала турската полиција.
Грчката Влада засега покажува неутрален став во однос на судството, во пресрет на утрешното судење на турските офицери, и во однос на грчката служба за азил која ќе ги разгледа нивните барања.
Ново на Сител
-

Кратерска инвазија во Скопје: Бесплатен превоз и влез за навивачите и симпатизери на Силекс против Динамо Минск
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба
-

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони
-

Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
