Невреме во Македонија - Пороен дожд, грмежи и град
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови најпрвин од запад, а потоа и насекаде ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен претежно јужен ветер, а ветерот повремено и ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 13, а максималната од 20 до 27 степени.
На повеќе места ќе паднат и повеќе од 20 литри на метри квадратни за 24 часа, а можна е и појава на невреме проследено со појава на град.
Во Скопје претпладне со мала до умерена облачност, а во попладневните часови со услови за нестабилност и појава на краткотраен пороен дожд проследен со грмежи.
Минималната температура до 11, а дневната ќе достигне до 24 степени.
Од петок ќе следи период на ветровито време со умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините.
За време на викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања