-->
-->
Невремето во Авганистан однесе речиси 50 жртви
-->

Најмалку 47 лица починаа во текот на последните три недели како последица од студови и обилен снег во авганистанската провинција Џузџан, јави ДПА.
- Врнежите доведоа до ограничување на пристапот до здравствените установи и затворање на патишта, изјави Рахматула Хашир гувернерот на округот Дарзаб.
- Десет жени родиле мртви бебиња, бидејќи немале пристап до здравствените установи во текот на последните неколку недели, истакна Хашир.
Тој наведе дека две деца загинале, откако биле затрупани од лавина.
Портпаролот на покраинскиот гувернер изјави дека властите се обидуваат да ја укажат потребната помош на настраданите од студеното време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
