Независна угостителска комора: Ако помош добијат „рестораните за свадби”, ќе мора да ја има и за сите угостители, па и за ноќните клубови
Собранието на РМ треба да знае дека со ребалансот на буџетот најавуваната поддршка во висина од 3.000 до 10.000 евра од 4-тиот сет мерки на Владата на РМ за сите регистрирани и лиценцирани субјекти за оваа дејност – т.н. ресторани за свадби кои наводно ќе добијат неповратна финансиска помош во вкупна вредност од 1 милион евра е неоснована, селективна и дискриминирачка во однос на сите останати угостители.
Првата причина за наведеното е многу едноставна. Во Македонската национална класификација на дејности – НКД v2 не постои шифра на дејност со која некој угостителски објект е регистриран, лиценциран или специјализиран за организација за свадби. Тоа е индивидуална и самостојна или селективна класификација на објектите. Свадби, прослави и веселби се организирало и ќе се организира и во секој хотелски ресторан и сите регистрирани угостителски објекти
Втората причина да потсетиме свадби не беа забранети да се организираат и одржуваат само во т.н. “угостителски објекти за свадби”. Свадби, разни веселби и сите видови прослави (родендени, крштевки, матурски, полуматорски, корпоративни настани) беа и сеуште се забранети во сите угостителски објекти.
Свадбите не се само прослави и веселби за 500 или 1000 лица во т.н. ресторани за свадби, шатори или хотелски хали.
Свадби, разни веселби и прослави (родендени, крштевки, матурски, полуматорски, корпоративни настани) се и за 20, 30, 50 или 100 лица кои не се одржувале секојдневно и во сите други угостителски објект. На големите угостителски објекти – ресторани димензионирани за настани за голем број на гости не им беше ниту им е посебно забрането да работат. За истите тие “ресторани за свадби“ во моментов важат истите протоколите за работа на угостителски објекти. Нелогично е и навредливо за сите угостители кои трпат неверојатни штети како последица на рестриктивните мерки и посебните протоколи за работа сега селективно да им се дава неповратна финансиска помош само на т.н. “ресторани за свадби”..
Нашите укажувања до Владата дека треба да ја преиспита својата одлука не вроди резултати. Сеге пратениците во Собраните имаат можност правно да ја усогласат и да ја исправат неправдата која може да се нанесе на целокупната угостителска индустрија.
Пратениците не смеат да дозволат да гласаат и донесат дискриминаторска мерка со која едни угостители незаконски ќе бидат повластени додека останатите ќе бидат казнети.
Нормално и логично е неповратна финансиска помош – грант да треба да земат оние кои не можат да ја вршат својата дејност, како што се ноќните клубови за кои Комисијата за заразни болести воопшто не предложи препораки и протоколи за работа на истите и на кои им е забрането да работат за време на пандемијата Ковид-19.
Бројките што денес ги имаме како последица од пандемијата Ковид-19 како и загубите и штетите кои се направени на целокупната угостителска индустрија ќе беа далеку помали ако се престане со негативната кампања кон угостителите и ако Комисијата за заразни болести навреме доставеше препораки врз основ на кои Владата на РМ ќе донесеа протоколите за свадби и веселби, наместо преќутно да дозволи истите да се организираа “на диво” без никакви контроли и протоколи.
Што се однесува и до мерката за намалување на ДДВ – данокот на додадена вредност за сите угостителски услуги Владата на РМ во најавениот 4-ти сет мерки ја најави како цитирам: “Намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци, со која овие услуги ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна стапка од 18%”.
За жал Владата ја преиначи оваа предлог мерка со која најавениот данок на додадена вредност од 10% на сите угостителски услуги го замени со парцијален – условен данок на додадена вредност на угостителски услуги од 10% со кои цитирам “Од 01 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 10% за продавањето храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци”.
Како угостители се осеќаме не само разочарани туку се осеќаме непријатно што повторно сме изиграни и изманипулирани во последен момент на промена и условување на секоја ветена и донесена мерка за помош или подршка на угостителската индустрија од страната на Владата на РМ.
Очекуваме и се надеваме оваа неправда да биде исправена во Собранието каде истата треба да се изгласа и усвои со примена од 1-ви Јануари 2021 година.
Свесни сме дека како угостители најголемиот број од нас ќе извисиме со пристапот и користењето на последниот 4-ти сет мерки кои се најавувани како подршка и помош на најзагрозените индустрии. Очекуваме крајните резултати од досегашните 4 сет финансиски мерки на Владата на РМ од 1 милијарда евра да покажат дека ниту 2% од вкупната финансиска помош нема да заврши кај угостителите која индустрија е директно и најмногу погодена и загрозена ссо својот опстанок од појавата на пандемијата Ковид-19.
Затоа додека сеуште има време со цел да помогнеме на нашите членки започнуваме да работиме на изнаоѓање на алтернативни извори на финансиска помош за што почнавме со подготовка на дополнителни барања и апликации за обезбедување на финансиски средства од разни Европски фондови, ЕБОР – Европска банка за обнова и развој и останати глобални можности и извори за подршка на ХОРЕКА индустријата кои ќе бидат употребени како директна помош и подршка за членките на НУК.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори