-->
-->
Нигериските власти осуетиле планови на Боко Харам
-->

Нигериската служба за државна безбедност денеска соопшти дека осуетила планови на борци на Боко харам за напади врз Амбасадата на САД и на Велика Британија во Абуџа.
Службата сооопшти дека уапсила пет членови на исламистичката група а 25 и на 26 март.
- Групата веќе имала испланирано напади врз британската и американската Амбасада, како и врз други западни интереси во Абуџа, се посочува во соопштението на нигериската служба за државна безбедност.
Службата реагирала откако на 22 март привела еден припадник на Боко харам во североисточната сојузна држава Јобе, кој открил детали од заговорот.
Дипломатските мисии на САД и на Велика Британија во Абуџа се уште не ги коментираат наводите на Службата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
