-->
-->
Никогаш не прекинувајте го кивањето, а еве и зошто!
-->

Додека киваме, воздухот низ нашите ноздри лета со брзина до 160 километри на час. Ако кивањето намерно го запреме, целиот тој притисок се сели во некој друг дел на телото, кој може да настрада.
Начинот на кивање се разликува дома или на работен состанок, односно може да биде опуштено или воздржано. Можеби изгледа попристојно да се запре кивањето во јавност, но тоа никако не е добро за здравјето. Додека киваме, воздухот низ нашите ноздри лета со брзина од 160 километри на час.
Воздржувањето од кивање целиот притисок се сели во ушите, каде може да дојде до пукање на ушните тапанчиња. Може да предизвика губење на слухот и вртоглавица која нема брзо да престане.
Може да настрадаат и крвите капилари во очите, кои ќе распукаат поради притисок, а се случува и да се оштети дијафрагмата. Посилниот налет па запирањето на кивање е потенцијална опасност за повреди на вратот, како и свежите рани кај луѓе кои неодамна ги оперирале синусите. Во најлош случај доаѓа до пукање на вените во мозокот и мозочен удар кој може да биде смртоносен.
Затоа доколку ви дојде да кивнете во јавност, не се срамете, бидејќи цената која може да ја платите е огромна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
