-->
-->
Никола Ристановски добитник на гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ
-->
Никола Ристановски е добитник на наградата гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ.
Како што соопшти НУ Македонски народен театар, оваа награда му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови.
Оваа награда, велат од МНТ, е трета по ред за истата улога по оние на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, и на фестивалот „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“, Србија.
Истовремено, додаваат од Македонскиот народен театар, таа е и уште една театарска награда во низата награди која тој ја добива, а со тоа е и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар. с
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
