Никола Златановски го фати крстот во базенот на храмот „Свети Никола“ Куманово
Дваесет и шестгодишниот Никола Златановски е кумановецот кој го фати Светиот Крст во базенот на Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово. Петковски по крстот скока шест пати.
-Нека продолжи традицијата, младите да ја практикуваат, тие се тие што треба да ја градат државата, изјави Златановски.
Тој верува дека ќе го следи просперитетна година, бидејќи планира отворање на спортски гимнастичарски клуб.
Златановски работи како тренер во еден од пливачките клубови од Куманово и со деца со попреченост.
Од свештеништвото на Соборниот храм доби икона и свет крст и други пригодни подароци од локалната бизнис заедница.
Претходно во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и литургија по повод празникот Богојавление Водици. Верниците присуствуваа на литургија, дел од нив пресекоа славски колач си зедоа осветена вода се помолија за здравје, мир и благосостојба. И во останатите цркви во Куманово се фрлаше светиот крст.
Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
Пациентите од трагедијата во Кочани, во втора и трета фаза ќе се лекуваат во штипска Клиничка
-
Безбедносната состојба во справување со пожари неповолна
-
Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа
-
Дисциплинска постапка за двајцата полицајци кои лажно тврделе дека возилото „Порше“ е службено
-
Вол Стрит загуби пет трилиони долари, Трамп вели - „Падот на акциите оди многу добро“