Николоски: Нема да дозволам да се случи повторно “Кичево – Охрид” со ниту еден друг проект
Нејасно е како 12 години не е решена експропријацијата за автопатската делница Кичево-Охрид и за тоа директно е одговорна претходната Влада. Детектиравме три главни проблеми и во овој летен период максимално ќе се посветиме на нивно разрешување за конечно да ја одглавиме изгрaдбата на оваа автопатска делница, истакна заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “Заспи ако можеш”, на телевизија Алфа.
Како што кажа министерот Николовски, се уште не е решена експропријацијата, не се решени имотно правните работи со бензински пумпи кои се лоцирани на самата траса на автопатот, како и лошо проктираните косини за кои потребно е да се направи репроектирање.
-Најголем дел од работното време плаирам да го трошам за разрешување на проблемите со автопатската делница Кичево - Охрид и изградбата на автопатите на Коридор 8. Мислам дека веќе наесен ќе презентирам добри вести и проектите ќе тргнат во посакуваната насока. Имам четири приоритети за ова лето и веќе реков дека тоа е одглавување на изградбата на Кичево-Охрисд, изградбата на автопатските делници преку Бехтел, пругата и стабилизација и реорганизација на Железницата. Паралелно со тоа работиме на силна подршка за општнините со 100 милиони евра. Ќе имаме градежен бум во општините, на граѓаните им се потребни улици, патишта, водоводи, канализации. Нема да дозволам пак да се случи Кичево – Охрид со ниту еден друг проект во инфраструктурата, истакна министерот Николоски.
Тој уште еднаш го повика Јавното обвинителство да биде поефикасно и да ги истражи наводите за евентуална злоупотреба на буџетските пари.
Министерство за транспорт и врски
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Разговорот со Радев беше пријателски и со почит, ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси
-
Дел од општина Центар утре без вода
-
САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје