Николоски: Ова е влада на стари ликови кои водат исти ресори
„Ќе започнам онаму каде што заврши мандатарот Ковачевски, кога рече дека Владата на Заев ја придвижила Македонија напред. Тоа 'придвижување' беше казнето на локалните избори, а тоа 'придвижување“ значи корупција која цвета во секој сектор, кое значи национално понижување, на кризи, економско тонење, а единствениот излез се брзи избори“, оцени пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната седница за избор на нова Влада.
Според Николоски, локалните избори донесоа суштински и јасен пораз за СДСМ и дека затоа, како што нагласи, Зоран Заев поднесе оставка.
„Пораката и на оваа седница е дека е потребно соочување со народот преку парламентарни избори. Без избори нема Влада со целосен политички легитимитет. Ова е влада на стари ликови кои водат исти ресори, оваа влада не може да донесе различна и добра политика. Соочени сме со истите политики и исти ставови“, нагласи Николоски.
Ново на Сител
-
Ограбена менувачница во Скопје за 10 илјади евра
-
Кај тројца од жртвите во пожарот во Кочани имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица скршеници на ребра и задушување од притисок при стампедо
-
На патот Неготино-Градско во возило „рено клио“ пронајдени пет мигранти од Египет
-
Тошковски: Не можам да се сложам дека актуелни носители на функции не се дел од истрагата за пожарот во Кочани
-
Две деца на возраст од 11 и 13 години се оддалечиле од Детско село
-
Црвен крст: Досега собрани 48.172.115 денари
-
Хоспитализиран 56-годишен пациент од сообраќајката кај Соколарци
-
Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, велат од „Систина“