Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот

Амбицијата на Владата е огромна, да се доизградат двата коридори 8 и 10 и државата да ја зацврсти и политички и економски својата позиција, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
Не случајно се градат 6 автопати и 2 пруги на европските коридори кои минуваат низ Македонија, додаде Николоски.
"Прво е политички. Ние кога целосно ќе ги завршиме двата коридори, 8 и 10, веќе нема прашање за опстојувањето на Македонија. Јас така го гледам и Владата така го гледа. И не случајно, 2024 година, кога оваа влада се формираше, премиерот Мицкоски ова го стави како прва политика на Владата. Затоа што кога ќе имаме два функционални коридори, едниот најинтересен економски коридор во Европа, вториот најважен безбедносен коридор за НАТО, веќе никој нема да ја поставува под прашање судбината и постоењето на Македонија. Ако двајца премиери на две соседни држави можеа да го направат тој спектакл со коските кои што наводно му припаѓаат на Цар Самоил, тогаш ние треба да сме исклучително одговорни кон државата и кон опстојот на државата и сметам дека ова е еден од начините да гарантираме опстој на државата" - рече Николоски.
Ново на Сител
-

Најмалку три лица загинаа во поплавите во јужна Франција, илјадници домаќинства без струја
-

Почнува амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот
-

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија
-

Киев повторно цел на ракетен напад, Трамп тврди дека мирот е близу
-

Променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне и во текот на ноќта
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
