Николоски: Успехот на Македонија во растот на авиолетови и туризам препознаен од Светска банка

Извештајот на Светска банка според кој Македонија е со најголем раст на авиолетови и туризам во Европа и Централна Азија е мотив за уште поголема работа, порача денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук стaтус.
Николоски потенцира дека државава забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, потенцирајќи дека тоа е исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка.
- Успехот и растот на авиосообраќајот во Македонија е нотиран во анализата на Светска банка за раст на туризам. Со раст од 40 проценти на годишно ниво, Македонија е препознаена како најдобар пример за држава со најголем раст на патници на пристигнување во Европа и Централна Азија - наведува Николоски.
Со мерката за субвенционирање на нови авиолинии и успесите што ги постигнуваме, укажува тој, Македонија е позиционирана на врвот во привлекување нови туристи и придвижување на економијата преку туризмот.
- Овие успеси се потврдуваат и преку работата на охридскиот аеродром каде само во еден ден опслужени се рекордно преку три илјади патници, што за аеродром од овој тип е огромен успех. Продолжуваме во следниот период со уште повеќе инвестиции во авиосообраќајот и туризмот - напиша министерот за транспорт во објавата.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
