Николоски: Уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има
Не е прашање дали ќе победи, туку со колку пратеници ќе победи, ние бараме убедлива победа со цел да имаме влада која ќе ја реформира Македонија и ќе ја чисти од корупција, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во „Тема на денот“ што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител.
„За да е таква владата мора СДСМ и ДУИ да одат во опозиција. Ни треба убедлив резултат и треба да ни ја дадат нам поддршката. На Македонците им се случува апартхејд од политичка партија која има 12 пратеници и со 10 посто пратеници контролира се. Но, за да го смениме ова мора да се обединиме. Колку е поголема излезноста тоа оди на страна на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Николоски.
Николоски укажа дека ВМРО-ДПММЕ има повисока цел, а за да се реализира треба ДУИ треба да оди во опозиција.
„Со политичките партнери не обидува ставот дека треба ДУИ да оди во опозиција, да има жестока борба против корупцијата, дека не може да има промена на Уставот под бугарски диктат“, изјави Николоски кој додаде дека Бугарија мора да го направи првиот чекор кон Македонија, затоа што Македонија не може да биде уценувана.
Според него програмата на ВМРО–ДПМНЕ има два столба, прво, борба со организиран криминал и корупција затоа што во ваква атмосфера никој не инвестира и отворање на можност домашниот капитал да инвестира, а воедно да има и странски инвестиции.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Бројот на загинати во големиот земјотрес во Јапонија се искачи на 30
-

Американскиот Црвен крст предупреди на критичен недостиг на крвни резерви во САД
-

Туск: Русија го наруши воздушниот простор на Полска при ноќешните напади врз Украина
-

Возач од Гевгелија фатен со речиси двојно поголема брзина од дозволената
-

Продолжува гаснењето на пожарите на грчките острови Крит и Лезбос
-

Ревизијата утврди недоследности во работењето на ФЗО
-

Андоновски и Ангеловски ќе ги промовираат новите електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство
-

Во Словенија прогласена портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради топлотниот бран
