-->
-->
Николоски во Вашингтон: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста
-->

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во своето обраќање на глобалниот форум „Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат.
Како што објави Николоски на неговиот Фејсбук профил, на економскиот форум во Вашингтон во своето обраќање ја потенцирал важноста на геостратешката позиција на Македонија каде што се вкрстуваат двата пан-европски коридора.
Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста. Праќаме позитивни сигнали за инвеститорите, напиша вицепремиерот Николоски и објави видео од обраќањето на глобалниот форум.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
