Николовски: Да нема изигрување на законите, тоа што е на граѓаните да биде вратено кај граѓаните
На прашањето дали по завршувањето на функцијата институциите задолжително ќе ги проверуваат блиските на функционерите кои заминале од позицијата, вицепремиерот за борба со корупцијата, Љупчо Николовски во гостувањето во Тема на денот на Сител рече дека апсолутно тоа треба да е пракса.
- Апсолутно тоа треба да е пракса. Ги повикуваме и ги охрабруваме граѓаните да ги пријавуваат случаите. Мора да го менуваме менталитетот. Во било која од европските земји и општества знаете дека ако се паркирате погрешно пред зграда соседот е должен да ве пријави или да алармира и сметам дека мора после 30 години да се фокусираме и на промена на навиките, на начинот на размислување, меѓутоа да нема можност за изигрување на законите и тоа што е на граѓаните и на државата да биде вратено назад кај граѓаните и да биде употребено за јавно добро за да се градат капитални инвестиции и да си ја средуваме државата на некој начин, изјави Николовски во Тема на денот на Сител.
Според Николовски овој закон би требало да биде донесен во најкус можен рок.
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка