Македонија
9. March 2020 - 20:24

Николовски: Дел од осумте пратеници од ВМРО - ДПМНЕ ќе добијат места на листите на СДСМ

Дел од осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе се најдат на листите на коалицијата СДСМ-БЕСА, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во Дневникот на Сител телевизија.

- Ние сме отворена политичка структура која и во 2016 година покажа и докажа дека дел од местата навистина ги резервираме за граѓанскиот сектор, за интелектуалци кои што се битни за општеството, кои што учествуваат и сакаме да ги вградиме во промените. Така што, на овие листи покрај за сите интелектуалци, за сите поединци, тука ја вклучувам и можноста да има и дел од овие пратнеици. рече Николовски.

 Според Николовски, СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ може да му држи предавања како се прават внатрепартиски системски промени.