Николовски-Итала: Македонија во 2022 година ќе може да аплицира за Заедничката програма на ЕУ
Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска во Брисел одржа работен состанок со директорот на канцеларијата на Европската комисија за борба против измама (OLAF), Вили Итала.
Ова е прв официјален состанок на вицепремиерот Николовски и директорот Итала, на којшто Николовски ја презентирал улогата на Кабинетот во процесот на координација и заедничко дејствување на институциите во борбата против корупцијата, како и тековните и идни мерки за сузбивање на корупцијата.
На состанокот било посочено значењето на соработката со ОЛАФ како единствен и главен орган на ЕУ, овластен да открива и истражува измами поврзани со фондовите на ЕУ, да ја истражува корупцијата и прекршувањето на законите од страна на персоналот на ЕУ и членовите на институциите на ЕУ.
Николовски, како што соопшти неговиот Кабинет, посочил дека проактивната борба против организираниот криминал и корупцијата останува фундаментална во сузбивањето на криминалната инфилтрација на политичките, правните и економските системи.
– За нас, како земја кандидат за членство во ЕУ, е од особена важност поддршката и соработката со сите органи на Европската Унија, особено со ОЛАФ, со цел ефикасно исполнување на препораките во делот на политиките и мерките за борба против корупција и организиран криминал. Водејќи се од основните вредности на ЕУ кои вклучуваат владеење на правото и почитување на човековите права, како Влада остануваме силно посветени на трасираниот пат за искоренување на корупцијата и криминалот, во што од огромно значење се препораките и искуствата што ги добиваме од Европската Унија и органите во нејзин состав, истакнал Николовски.
Генерaлниот директор на ОЛАФ го запознал вицепремиерот Николовски со новите регулативи на ОЛАФ за Европско јавно обвинителство (ЕППО) како и за Заедничката програма на Европската Унија за борба против измами. Посочил дека ОЛАФ ја цени и поддржува заложбата на државата особено на вицепремиерот во борбата против корупцијата со сите системски и превентивни мерки.
Директорот на ОЛАФ порачал дека Македонија во 2022 година ќе може да аплицира и да биде дел од најновата Заедничка програма на Европската Унија за борба против измами (2021-2027), која за овој период има буџет од околу 181 милион евра. Целта на програмата е заштита на финансиските интереси на Европската унија преку поддршка на акциите за борба против нерегуларностите, измамите и корупцијата што влијаат врз буџетот на ЕУ, поддршка на меѓусебна помош помеѓу административните органи во земјите членки на ЕУ и обезбедување правилна примена на законот за царински и земјоделски прашања преку поддршка на соработката помеѓу административните органи во земјите членки на ЕУ и Европската Комисија.
Програмата обезбедува финансирање, особено за опрема за техничка и оперативна истрага, специјализирани активности за обука и истражување, за поддршка на заштитата на финансиските интереси на ЕУ. Финансирањето е обезбедено во форма на грантови и набавки.
Ново на Сител
-
29 годишник од Тетово на социјалните мрежи објавувал слики од малолетничка со вулгарен текст
-
Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост
-
Кривична пријава против поранешен градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, куќен притвор за осомничениот
-
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија
-
Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера
-
Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија
-
ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците