Николовски обвини за злоупотреби со огревно дрво
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска обвини дека минатата година се правени манипулации и злоупотреби со огревно дрво преку ЈП Македонски Шуми и Министерството за земјоделство.
- ЈП Македонски Шуми од Министерството за земјоделство на 27 јули 2015 побарало дозвола за извоз на околу 30.000 метри кубни огревно дрво, со образложение дека домашната побарувачка се задоволува од домашни потреби. Министерот експресно, следниот ден, одговара позитивно на ваквото барање и дава одобрение за извоз на 29.028 метри кубни дрва, изјави Николовски.
Со ова, како што оцени, наместо граѓаните да го добијат огревното дрво што го платиле, тоа се извезува во Грција.
- Кој профитирал од оваа зделка на штета на граѓаните и дали за ЈП Македонски шуми и за Министерството најважни се интересите на фамилијата или на граѓаните, праша дополнителниот заменик-министер, додавајќи дека секој што го прекршил законот ќе одговара.
Ново на Сител
-
Познати уште шест патници во осминафиналето во Лигата на шампионите
-
Напаѓачот кој уби шест луѓе во болница во чешкиот град Острава, си го одзел животот во својот автомобил
-
Заев ќе организира средби до крајот на неделата за законот со јазици по порепораките од комисијата
-
Три нови Роса школи за родители ќе бидат отворени во Охрид, Струмица и Куманово
-
Македонија без носителите на контролните дуели во Стара Пазова и Букурешт
-
Текстилните работници предупредуваат на измамите со К-15 во текстилната индустрија
-
Камчева: Се плашевме од моќта на Јанева, Боки 13 ги знаеше сите чекори на СЈО
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амадмани на Законот за јазици - влада нема да дозволи враќање на состојбата од 2001-ва