Николовски упати честитка до граѓаните кои денеска слават Велигден
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски упати честитка до сите верници од католичка вероисповест како и до сите граѓани кои го слават големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден, според Грегоријанскиот календар.
„Драги сограѓани, кои го прославувате Велигден по Грегоријанскиот календар, искрено ви го честитам празникот, посакувајќи да го поминете во добро здравје, духовен мир и семејна среќа.
Најголемиот христијански празник, верниците и оваа година го дочекуваат соочени со предизвиците кои се пред сите нас, кои ги постави пандемијата со коронавирусот не само во нашата татковина, туку во целиот свет.
Во овој тежок период за сите, Велигден треба да не потсети на најважните морални, но и хуманистички начела – добрина, заедништво, солидарност и љубов, кон ближните, кон човекот.
Нека победата на Христос над смртта, победата на светлината и новите почетоци ни бидат инспирација и ни дадат духовна сила да ги победиме сите предизвици.
Ви посакувам убав ден и овој празник да го прославите одговорно, почитувајќи ги мерките и препораките за заштита на здравјето.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка