Македонија
31. January 2018 - 10:25

Нивоата на езерата во рамки на јануарскиот просек

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се во рамки на просекот за јануари.

Според денешните хидролошко мерења, отстапувања има во водостоите на реките.

Трипати пониско од јануарскиот просек се Вардар кај Јегуновце и Скопје (Зајчев Рид), а речиси двојно намалени се и Црна Река кај Новаци, Крива Река кај Крива Паланка, Сатеска кај Ботун и Вардар кај Велес.

Зголемување е измерено на Пчиња кај Катлановска Бања.