Низа инциденти во Атина во текот на ноќта
– Импровизирани експлозивни механизми поставени пред домовите на новинар и претседателот на Федерацијата на полицајци, оштетени канцелариите на компанијата- концесионер на атинскиот автопат „Атики одос“ и фрлени летоци и испишани слогани на Министерството за климатска криза и цивилна заштита беа регистрирани во текот на ноќта во Атина, без да има повредени лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Пред домовите на новинарот Димитрис Камбуракис од телевизијата „Скај“ и на грчката Федерацијата на полицајци Василис Думас во два одвоени случаи, во две атински населби експлодираа импровизирани механизми со плински боци и бензин што предизвика мала материјална штета и не е познато дали зад двата инциденти е ист сторител или сторители.
Новинарот Камбуракис објави видео од безбедносни камери на кое се гледа лице кое пред влезната врата остава кеса со боците и бензинот, ги пали, бега, по што следи експлозијата.
Од друга страна членови на грчката левичарско- анархистичка организација „Рувиконас“, поради последиците од снежната бура, доцна синоќа фрлија летоци и да испишаа слогани на Министерство за климатска криза и цивилна заштита.
Рано утрово пак, ги скршија прозорците на компанијата концесионер на атинскиот автопат „Атики одос“, а нанесоа штета и на возила.
На конкретниот автопат, минатата седмица, поради снегот, над 12 часа илјадници возачи останаа заглавени.
За вториот инцидент уапсени се осум лица, членови на „Рувиконас“.
Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому рече дека нападите на домовите на Камбуракис и Дума, „претставуваат криминални дејствија што никој демократски граѓанин не може да ги толерира и додаде дека исто така, „неприфатливи и длабоко антидемократски се нападите од насилниците од „Рувиконас“.
Истакна дека државата ќе направи се што е потребно за да се изведат сторителите на овие дела пред лицето на правдата, потенцирајќи дека се подразбира осудата на сите инциденти.
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи