Њујорк го тужи студиото на Вајнстин затоа што не ги заштитило вработените
Државата Њујорк ја тужеше компанијата „Вајнстин“ поради сомнеж дека студиото не ги заштитило вработените од продуцентот Харви Вајнстин, кого многу жени го обвинија за сексуално вознемирување или силување.
Њујоршкиот обвинител Ерик Шајдермен изјави дека поднел тужба против компанијата, како и против Харви и Роберт Вајнстин.
Вајнстин, коосновач на студиото „Мирамакс“, беше еден од највлијателните холивудски продуценти пред, сега веќе повеќе од 70 жени, да го обвинат за сексуално вознемирување или силување, што тој го негира.
Студиото преговара со група инвеститори за продажба, но поради тужбата преговорите ќе бидат „на чекање“ наведува извор запознат со ситуацијата.
Во тужбата се наведува дека продажбата на компанијата „мора да обезбеди жртвите да добијат отштета“.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер