Њујорк Тајмс: Трамп не ја гледа Украина како сојузник, туку исклучиво преку економски интерес
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ја запре воената помош за Украина, а според репортерката на Њујорк тајмс од Белата куќа, Меги Хаберман, Трамп тестира „колку далеку може да оди“ во повлекувањето на американската поддршка за Украина додека таа се бори против руската инвазија.
Хаберман рече дека Трамп ја донел одлуката по расправијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во петокот, што уследи по неколкунеделната тензија меѓу Вашингтон и Киев.
Според неа, имало „речиси едногласно незадоволство“ од Украинците во Белата куќа, а особено имало „голема тензија“ меѓу потпретседателот Џеј-Ди Венс и Зеленски.
-Венс веќе некое време се сомневаше во потребата од американска помош за Украина и често го критикуваше Зеленски. Зеленски нему остана должен и одговори со критики, рече Хаберман.
Таа додаде дека Трамп не ја гледа Украина како европски сојузник, туку првенствено преку економски интерес. Како пример, таа го наведе неуспешниот договор за експлоатација на украинските минерални суровини, што многумина го протолкуваа како обид на Белата куќа на Украина да и ја „врати“ американската помош без да ги обезбеди безбедносните гаранции за Киев што ги бара Зеленски.
-Трамп речиси ништо не бара од рускиот лидер Владимир Путин, додека бара многу од Зеленски, рече Хаберман. „Украинците тврдат дека од самиот почеток им бил понуден договор што бил нереален за нив, во кој практично не добиле ништо“, рече таа. „И мислам дека ќе видиме како Трамп се обидува да услови други договори на сличен начин“, додава Хаберман.
Хаберман рече дека американската поддршка за продолжување на помошта за Украина е намалена откако Русија ја започна инвазијата пред три години, но таа истакнува дека поддршката за Москва и Путин во Соединетите држави исто така не е голема. „Трамп сега ги тестира границите до каде може да оди во ова“, заклучи таа.
Ново на Сител
-
Во тешка состојба пронајдена двегодишната Дуња откако исчезна од пред семејната куќа во Уб
-
Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна може да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена
-
Еврокомисијата предлага фонд од 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната
-
Апелација ја објави пресудата за Боки 13
-
Њујорк Тајмс: Трамп не ја гледа Украина како сојузник, туку исклучиво преку економски интерес
-
Флик е против враќањето на Нејмар во Барселона
-
Приведен 42 годишник од Чегране, бил баран по потерница
-
Одложен натпреварот Виљареал – Еспањол поради опасност од поплави на стадионот