Нобеловите лауреати за мир: Додека постојат нуклеарни оружја, катастрофа е неизбежна

Додека постојат атомски бомби, катастрофа е неизбежна, изјави денеска претседателката на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје (ИЦАН), која ја освои овогодинешната Нобелова награда за мир.
- Токму сега ние сме соочени со недвосмислен избор: искоренување на нуклеарното оружје или искоренување на самите нас, рече Беатрис Фин на прес-конференција во норвешкиот Нобелов комитет во Осло, каде утре ќе ја добие престижната награда.
Фин рече дека во текот на изминатата година ризикот од нуклеарна војна се зголемил и ги повика лидерите на Северна Кореја и САД да прекинат со опасната реторика.
- Престанете да се заканувате со употреба на оружје за масовно уништување и започнете да преговарате за дипломатско решение, рече таа.
Таа обрна внимание и на фактот дека ниту една нуклеарна држава не е потписник на меѓународниот договор за забрана на нуклеарното оружје, кој требаше да биде потпишан минатата година. Досега, 53 земји го потпишаа и само три го ратификуваа. За влегување во сила, договорот бара 50 потписи.
Три западни нуклеарни сили - САД, Велика Британија и Франција - најавија дека нема да ги испратат свои претставници во Осло на утрешната церемонија на доделувањето на Нобеловата награда.
Јапонката Сацуко Турлоу, која ја преживе атомската бомба фрлена врз Хирошима, и која утре ќе ја прими наградата заедно со Беатрис Фин, истакна дека „не е премногу изненадена" од овој дипломатски бојкот на церемонијата.
- Тоа не е првпат да се однесуваат на овој начин. Тие се обидоа на многу различни начини да го саботираат, да го дискредитираат она што ние го правиме, додаде таа.
Турлоу, исто така, ги повика водачите на Северна Кореја и САД да изјават дека никогаш нема да користат нуклеарно оружје. Според неа, дипломатското решение за кризата околу Корејскиот Полуостров преку преговори е единствениот можен.
ИЦАН е невладина организација која опфаќа над 430 локални и регионални организации од повеќе од 100 земји. Таа беше иницијатор и движечка сила за потпишување на меѓународен договор за забрана на нуклеарно оружје.
На прес-конференцијата, Фин истакна дека премијата од Нобеловата награда (околу 1,1 милиони долари), ќе биде искористена за креирање на нова организација со името „Фонд илјада денови", која во наредните три години ќе работи на тоа, сите земји во светот да ја потпишат и ратификуваат Конвенцијата за нуклеарно оружје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
