Норвешката државна телевизија ќе емитува „часови по секс“
Норвешката национална радио телевизиска компнија НРК до крајот на годината ќе почне да емитува емисија во која ќе бидат прикажувани двојки како водат љубов.
Проектот е започнат со цел да им се помогне на тинејџерите да стекнат здрава слика за голотијата, нивните тела и за сексуалните односи.
Автори на емисијата пд наслов „Line fikser kroppen“, распишаа конкурс за двојки кои ќе се согласат јавно да имаат сексуални односи.
- Главна замисла која се крие зад оваа идеја не е прикажување на сексуални органи во акција, туку оддалечување од вообичаениот начин на прикажување на сексот. Сакаме да им покажеме на младите дека станува збор за убава и интимна активност, изјави водителката Лине Елвсашаген.
Главниот уредник на емисијата Хакон Мослет вели дека станува збор за нов вид програма која дава поинаков поглед од оној кој е застапен во порнографските филмови.
- Константното покажување на телата подложени на разни хирушки интервенции и кореографиран сексуален чин може кај младата популација да створи голем број илузии и лажни надежи. Ние веруваме дека со прикажувањето на целокупниот љубовен чин, а не само пенетрацијата ќе успееме да ја промениме погрешната слика која младите ја имаат за сексот, заклучи Мослет.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица