Нов авиопревозник од јуни ќе лета до Македонија

Белгискиот авиопревозник “Брисел ерлајнс” од 17-ти јуни оваа година ќе лета до Охрид, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
На нивната официјална веб страна Охрид е промовиран како еден од оние градови што никогаш не се забораваат. Дестинацијата ја гледаат како вистински дијамант кој сѐ уште не е откриен од масовниот туризам. Охрид го доживуваат како можност за поинакво искуство каде ќе можат да се најдат рурални предели со уникатни пејсажи, прошетки по магичното езеро, плажи, бесконечно калдрмирани улици, а пред се, место со наследство под заштита на УНЕСКО.
Директоорт на Агенцијата за туризам, Љупчо Јаневски потенцира дека бројот на туристи од Белгија продолжува да расте во континуитет. Во 2018-та во споредба со 2017-та година, растот на белгиски туристи во Македонија во период јануари-ноември е зголемен за 33 проценти, додека бројот на остварени ноќевања бележи раст од 25 отсто.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од вчера ги претставува туристичките потенцијали на Македонија на Интернационалниот саем за туризам во Брисел „Salon des Vacances”. Саемот за туризам е посетен од страна на 105.000 посетители од 800 дестинации и 350 егзибитори.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
