-->
-->
Нов Генерален урбанистички план доби Македонска Каменица
-->

Нов Генерален урбанистички план доби Општина Македонска Каменица, откако претходно Министерството за транспорт и врски дало согласност за изработениот план на кој оваа општина работеше изминатите две години.
Градоначалникот Дарко Митевски истакна дека со овој уранистички план општината во наредните 20 години ќе знае во кој правец ќе се развива во делот на инфраструктурата, каде ќе се градат новите објекти и новите сообраќајници.
- Ние постапката ја водевме две години, а деновиве ја добивме согласност за ГУП од Министерството за транспорт и врски. Со ова се зголеми опфатот на површини за градење. Сите делови од Македонска Каменица кои не беа опфатени со досегашниот ГУП, а со тоа немаа детални урбанистички планови, како што е улицата „Каменичка“ и слично, се проширени, намената е промената согласно со сегашните потреби на општината. ГУП-от за Македонска Каменица значи и планирање на парцели за продажба на индивидуални куќи, станбени згради, како и можност за понуда на парцели за стопански објекти, рече Митевски.
Тој потенцираше дека со новиот ГУП се создаваат услови за изработка на нови детални планови низ населбите, согласно со потребите на населението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
