Нов конвој со помош се упати кон сирискиот град Мадаја
Конвој од 50 камиони со хуманитарна помош тргна денеска од Дамаск кон опколениот сириски град Мадаја, јавија западни медиуми повикувајќи се на очевидци.
Тоа е втор конвој од почетокот на неделава што оди кон градот во близина на границата со Либан и во кој се блокирани илјадници луѓе. Лекари претходно предупредуваа дека на жителите на Мадаја, која е под опсада на државните сили веќе шест месеци, им се заканува изгладнување до смрт.
Лекари без граници соопштија дека 28 луѓе ги загубиле животите од глад од 1 декември во градот кој има околу 40.000 жители. ОН побараа итна евакуација на најзагрозените од тој град.
Конвој од 44 камиони со храна за првпат достави помош во тоа подрачје во октомври лани. Жители велат дека храната е толку ретка што килограм ориз чини 270 евра.
Ново на Сител
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје