Нов лифт во зградата лоцирана на булеварот „Партизански одреди“ бр.111, влез 1
Станарите од зградата лоцирана на булеварот „Партизански одреди“ бр.111, влез 1 добија нов лифт.
На барање на граѓаните и со одлука на Советот, општината заменува стари со нови и реконструира дотраени лифтови во колективни станбени објекти на територијата на Карпош, што е случај и со оваа зграда.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски нагласи дека оваа инвестиција чини 710.000 денари, односно 65 отсто од вкупната вредност на лифтот. Граѓаните во оваа инвестиција учествуваат со 35 отсто финансиски надомест. Тој ги повика сите граѓани на општина Карпош, кои имаат потреба од замена на стар со нов или реконструкција на постоечки лифт да поднесат барање до локалната самоуправа.
Академскиот сликар Таки Павловски, кој е станар во оваа зграда, изгрази благодарност до Јакимовски и до администрацијата на општина Карпош.
Ново на Сител
-
Охрид се подготвува за Водици
-
ЕУ нотираше - отпадот во Македонија не се рециклира
-
Во 2025 година о. Штип очекува да инкасира 60 милиони денари по основ данок на имот
-
Живот зависен од батерии
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето