Нов обид на Ципрас да го реши прашањето со сметот што ја задушува Грција
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска треба повторно да се сретне со претставници на синдикалната федерација ПОЕ-ОТА, која го претставува најголемиот дел од вработените во локалната власт.
Според соопштението од прес-службата на премиерот, на состанокот двете страни ќе се обидат да најдат решение со кое ќе се исполнат барањата на општинските комунални работници и ќе се избегнат опасностите за јавното здравје, кои се јавуваат како последица на несобирањето смет во комбинација со високите температури што се очекуваат следните денови.
Досегашните владини предлози за решавање на прашањата поврзани со работниците кои имаат привремени договори во комуналните служби на грчките општини, не успеаја да ја убедат федерацијата на синдикатите на општинските работници ПОЕ-ОТА која вчера одлучи да продолжи со штрајкот.
Коментирајќи ги барањата на ПОЕ-ОТА, министерот за внатрешни работи Панос Скурлетис, соопшти дека ќе поднесе релевантно законско решение, истакнувајќи дека барањата на синдикатите да им се дадат постојани работни места на сите работници по договор во општинските комунални служби „не доведе до никаде" во однос на одлуката на Државниот совет за ова прашање.
Состанокот на одборот на Централниот синдикат на општините на Грција (КЕДЕ) заврши вчера доцна попладне без конкретен резултат од долгите дискусии за предложениот закон на Министерството за внатрешни работи.
Делегација на КЕДЕ треба да се состане со Скурлетис и да ги пренесе сомневањата за предложените мерки, во однос на тоа дали тие се целосно уставни и дали можат да се имплементираат.
Во меѓувреме, како што јави дописникот на МИА од Атина, Грците го чуваат сметот дома, затоа што е забрането да се остава кај контејнерите кои се преполни. Сепак, некои не го почитуваат законот, и навечер се трупа сметот, кој почна да се прелева по улиците и тротоарите.
По патиштата кои водат надвор од градовите може да се забележи многу смет, кој граѓаните го фраат од своите автомобили. Надвор од речиси сите грчки градови веќе се создадени мали нелегални депонии, а најлошо е во туристичките места, каде има најмногу смет и туристите веќе се жалат на смрдеата која се шири насекаде.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња