Нов парк во општина Чаир
Зазеленувањето останува на врвот на листата на приоритети на Град Скопје. Го реконструиравме паркот на улица „Дижонска“ во вкупна површина од 5.860 метри квадратни. Ова денеска го изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој заедно со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча беа во новиот парк во општина Чаир.
- Реконструкцијата опфати хортикултурно уредување на јавната зелена површина, отстранување на шутот и подигање нов тревник. Се постави и нова хидрантска мрежа со систем за полевање со прскалки, каде беа поставени поп-ап прскалки, изјави Шилегов.
Тој додаде дека симболично паркот го пуштаат во употреба на Светскиот ден на мирот со цел да ги поттикнат европските вредности за зачувување на животната средина.
- Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која непосредно влијае на здравјето на сите сегашни и идни генерации. Чаир е општина со најголема густина на население, најмалку неискористени простори, општина која од претходните власти добивала најмалку внимание. Чаир е една од општините во градот со најмалку зеленило под ингеренција на Градот. Еднакво внимание укажуваме за развој на двете страни на Вардар, порача Шилегов.
Градските власти и општина Чаир изработија и план за создавање мрежа на велосипедски патеки на територијата на Чаир. Како прва етапа за нивната реализација е велосипедската патека на улицата „Втора македонска бригада“.
Град Скопје изготвува проектна документација за други капитални инвестиции во оваа општина, како што се проширување на булеварот „Босна и Херцеговина“ и изградбата на тунел кој ќе овозможи растоварување на целиот сообраќај кој минува преку Бит-пазар, а особено метежот на крстосницата кај Судска палата, каде е проценето дека дневно поминуваат и над 86.000 возила.
Ново на Сител
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
-

Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот
