Нов прифатен пункт за бегалци во Гевгелија
Во Гевгелија од денеска официјално профункционира новиот прифатен пункт за бегалци од каде што вчера во попладневните часови пробно кон северната граница заминаа два воза со мигранти. Во рамки на кампот почна и електронската евиденција на мигрантите кои пристигнуваат од Грција.
- Бегалците повеќе не мора да доаѓаат во Гевгелија.Тоа беше и наша цел, да им овозможиме похуман и поорганизиран третман, а истовремено просторот околу транспортниот центар да се врати во нормала за да можат граѓаните слободно да се движат и непречено да ги користат услугите. Со ова го остваривме најзначајното барање на општина Гевгелија за справување со бегалската криза, изјави градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов.
Од страна на УНХЦР, Црвениот крст и некои невладини организации, на просторот на прифатниот камп веќе се подигнати шатори. Кампот наскоро ќе раполага со тоалети и тушеви со што на бегалците кои пристигнуваат од меѓуграничниот простор ќе им биде овозможено да се одморат и освежат до регистрацијата и качување во возот со кој ќе заминат за Табановце.
Просторот денеска се оградува, а истовремено се работи на санација на мостот на Сува Река и на проширување на пристапниот пат до кампот.
Ново на Сител
-
Кривична за директор на основно училиште во Делчево
-
48-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во близина на „Негорски бањи“
-
На полицаец во Крушево му го украле пиштолот
-
Топ-10 листа најплатени глумци за 2024 година
-
Му се слошило додека работел, 31 годишен Косовец почина во Гостивар
-
Средба на премиерот Мицкоски со неговиот унгарски колега Орбан
-
Во тешка состојба пронајдена двегодишната Дуња откако исчезна од пред семејната куќа во Уб
-
Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна може да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена